Нови протести во струмичко со барање за настава во училница
Наместо онлајн , настава од училница бараат родителите од неколку населени места во струмичко. Во Моноспитово, родителите повторно излегоа на протест преку кој побараа да се дозволи наставата од училиште да ја следат сите деца, од прво па до девето одделение. Тврдат дека училиштето ги исполнува сите услови за тоа.
На протест денеска излегоа и родителите од Иловица и Штука. И тие бараат настава со физичко присуство до деветто одделение. . Велат, од дома ниту можат ниту пак имаат услови за онлајн настава.
Дека училиштето во Иловица има услови за настава со физичко присуство сметаат и од неговото раководство. Директорката вели дека тие како установа ја почитуваат одлуката донесена од страна на комисијата и постапуваат по неа, но сепак бараат истата повторно да биде разгледана.
Доколку барaњата на родителите не бидат повторно разгледани тие најавуваат продолжување на протестите.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
