Македонија
4. November 2020 - 20:02

СДСМ предложи кандидат за градоначалник ВМРО-ДПМНЕ сеуште не

Кардиологот и актуелен партеник во македонското Собрание д-р Сашко Николов е кандидат на СДСМ за претсојните предвремени избори за градоначалник на Штип. Д-р Николов е докажан професионалец и затоа е дел од чесната понуда за изборите, велат од партијата. Наспроти СДСМ, од главниот опонент ВМРО ДПМНЕ, со кој ќе се вкстат копјата за градоначалничката фотеља, се уште не го истакнале својот кандидат.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ навесија дека е можно да побараат одлагање на изборите на градоначалници на општините Штип и Пласница. Доколку сепка се одлучат да одат на избори, тогаш најверојатно нивен кандидат за Штип би бил Иван Јорданов, исто така актуелен пратеник во Парламентот.

Од ОО на СДСМ во однос на ова прашање велат дека сите опции се земаат во предвид. Будно ја следат состојбата со пандемијата, но за одложување за сега не размислуваат. Ако до нив стигне официјален предлог од било која страна, ќе го разгледаат и ќе изградат став. Изборите можат да се подложат ако претстедателот на собранието го измени решението за нивно распишување, но тоа се прави по претходен договор на политичките партии. Се додека нема формална одлука, активностите предвидени со изборните рокови течат. Вчера е распишан тендерот за гласачките ливчиња и друг избирачки материјал. До седиштето на ДИК во Штип, 260 потписи од граѓани од потребните 250 доставил независниот кандидат Трајче Митев, со што го исполнил условот за учество во предизборната трка.