Македонија
6. November 2020 - 12:32

Црвен Крст со донација во струмичките училишта

Преку донација од црвениот крст,  училиштата во струмичкиот регион  дополнително ги зајакнуваат мерките за заштита од ширењето на корона вирусот. Вкупно 18 училишта од микро регионот во кој влегуваат општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село добија нови сетови за дезинфекција на раце, средства за дезинфекција и дигитални топломери. Црвениот крст донацијата ја реализира во соработка со турската агенција за соработка и координација ТИКА и министерството за образование. Целта е и на ваков начин да се придонесе во зголемувањето на превентивата, посебно кај најмалите.

Претходно,  преку министерството за труд и социјална политика дезинфекциски сетови добија и градинките. Таму дополнително за секое дете на возраст од 3 до 7 години на домашна адреса ќе бидат доставени и околу 660 комплети со боенки и сликовници со едукативна содржина за заштита од корона вирус.