Охрид ги затвори сите детски игралишта
Превентивно затворени сите детски игралишта во Охрид .Поради зголемениот број на заболени лица од Ковид 19 времено нема да можат да се користат се со цел да се избегнат групирања на отворено.Надлежните велат дека согласно препораките се врши целосна дезинфекција на јавните површини низ градот ,кејот, пешачките патеки, просторот околу болничкиот комплекс и сите фреквентни локации .
Состојбата со коронавирусот во Охрид станува загрижувачка само во периодот од 31 октомври до 6 ноември заболени се 190 лица а голем е бројот и на починати вкупно 9.Во болницата извршена е комплетна реорганизација и адаптирани се речиси сите капацитети во борба против пандемијата додека во Кардиолошкиот завод ќе се пернаменат 100 тина кревети за лекување на ковид пациенти.
Од Центарот за Јавно здравје напоменуваат дека во овој период коронавирусот е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност.Инаку од почетокот на епидемијата во Охрид присуство на Ковид 19 е дијагностицирано кај 892 лица а бројот на активни случаи изнесува 357.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
