Македонија
10. November 2020 - 12:31

Болницата во Гевгелија адаптира нови капацитети за Ковид пациенти

Гевгелиската болница ќе прави дополнително проширување на капацитетите за ковид позитивни пациенти. Покрај невро психијатриското кое функционира како ковид центар и веќе е полно , за таа намена ќе биде адаптиран и поголлем дел од интерното одделение . Оваа одлука доаѓа како резултат на континуираниот раст на новозаразени со корона вирус на југот од државата.  Од болницата информираат дека проширувањето нема да го попречи работењето на самото интерно одделение.

Освен делот за хоспитализација,  во Гевгелија  со финансиска поддршка на општината беше направенпо и проширување на просторот  наменет за тестирање и дневен третман на суспектните и ковид позитивни пациенти. Проширувањето,  посебно во делот на дневниот третман значително ќе ја олесни работата на здравствените 

работници, а ќе придонесе и за намалување на гужвите кои се правеа претходно.

Во моментов,  во гевгелискиот регион има 209 активни случаи. Со цел подигање на свеста и спречување на ширењето на вирусот,  општината воведе и дополнителни локални мерки. Минатата недела,  заедно со комуналните сметки започна и дистрибуцијата на едукативните флаери преку кои ги едуцираат, но и информираат граѓаните за моменталната состојба со корона вирусот во општината.