Сумамедот корисен, или повеќе штетен?
За корона вирусот сумамедот повеќе штети отколку што лекува, категоричен е професорот Никола Пановски. Микробиологот вели дека добро го знае конкретниот лек бидејќи 30 години бил надворешен стручен соработник на производетелот на овој антибиотик. Од него побаравме објаснување бидејќи многу често на позитивните пациенти кои се на домашно лекување им се дава оваа терапија.
-Не треба да се дава кај луѓе кои имаат лесни симптоми или се асимптоматски превентивно. Па и кај луѓе кои имаат клиничка слика треба да се докаже дека имаат инфекција па да се даде некој лек, не мора овој. Со ова давање незнам на кој му текнало. Потешко ќе лекуваме други инфекции и многу други респираторни инфекции. Природната одбрана која ја имаме сите се уништува без потребно, изјави за Сител професорот по микробиологија Никола Пановски.
Иако за Ковид сеуште нема конкретен лек, за да не се прави дополнителна штета со антибиотиците, многу држави меѓу кои и Хрватска имаат јавно објавени протоколи и каква терапија се препорачува за лицата со благи симптоми, но и за оние со тешки компликации. На сајтот на македонското министерство за здравство упатства какви лекови треба да се користат во зависност од клиничката слика и по 8 месеци нема, но има совети за проветрување на просториите и одржување хигиена.
-Јас до сега овие осум месеци не гледам упатство или упатства за третман на Ковид пациенти на страната на министертсвото за здравство или не можам да најдам, меѓутоа треба да се јавно достапни, вели професорот Пановски.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
