Тутунопроизводителите од Струмица на протест
Незадоволството од стартот на откупот ги извади тутуно производителите од струмичко на нов протест. Тутунари од селата Радичево и Ново Село денеска протестираа пред откупните пунктови. Револтирани се од ниската откупна цена и според нив лошата проценка на квалитетот. Бараат укинување на четвртата класа.
„Се приклучуваме кон барањата на сите тутунари да се укине четвртата класа и да биде по реална проценката на нашата мака што ја изработивме ова лето, оваа година“, рече Станој Костадинов производител на тутун од Радичево.
„Не може тој тутун да оди 100 денари, 120 денари. Четврта класа мода да ја укинеме. Нема шанси да се даде тутунот за 120 денари“, вели Ивица Митев - производител на тутун од село Владевци.
Тутунопроизводителите ги повикаа и претставниците на здруженијата што ги застапуваат да се изјаснат дали се на нивна или пак на страната на откупните организации.
„Оваа година тутунот не е проценет реално. Доаѓа од 12 до околу 150 денари просекот. Таа цена е многу мала за еден тутуно производител кој зависи само од тутунот не може да опстане. Ги повикуваме сите здруженија кои што не застапуваат да видиме дали се на наша страна или на откупувачите“, Роберт Митев -тутуно производител од Радичево.
Тутуно производителите велат дека нема отстапат од нивните барања . Доколку не биде одговорено на истите најавуваат многу помасовни протести.Освен во струмичко протести на тутуно производителите имаше и во радовишкиот регион.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
