Македонија
13. December 2020 - 16:33

Со зимска опрема до помалку незгоди

Околу 150 лица годишно го губат животот во сообраќајни несреќи на патиштата низ државата, а близу 6000 секоја година се повредени. Ваквите бројки покажуваат дека просекот на загинати лица во сообраќајни незгоди во Македонија на 100.000 жители е многу повисок во однос на земјите членки во Европската Унија. Човечкиот фактор и непочитувањето на правилата се едни од главните причини. Токму затоа од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата апелираат големиот број на сообраќајни незгоди и последиците од нив, да бидат потсетување за поголема употреба на зимска опрема во возилата.

Кампањата се реализира во соработка со МВР, а во рамки на превентивните активности возачите добиваат и практични совети за местење на зимската опрема на возилата.

Дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво покажуваат и податоците од засилените сообраќајни контроли во кои голем дел од возачите низ цела држава беа санкционирани.Најголемиот дел од санкциите се однесуваат на управување на моторно возило под дејство на алкохол или без соодветна дозвола, непочитување на ограничувањата на брзината, управување на нерегистрирани и технички неисправни возила.