СВР Струмица стартува кампања за безбедни празници
Употребата и продажбата на пиротехничките средства е казниво со закон, но нивното користење може да предизвика и сериозни последици по здравјето. Ова се само дел од советите што СВР Струмица и оваа година им ги дели на младите во рамки на кампањата „Не користи петарди и пиротехнички средства“. Кампањата се однесува на сите граѓани, но нејзиниот фокус е ставен на младите бидејќи токму тие во периодот на празниците најчесто користат петардите, но и друг вид на пиротехнички материјали.
Од полицијата потенцираат дека неовластените продавачи, но и граѓаните кои со употреба на петарди или друг вид пиротехника го нарушуваат јавниот ред и мир може да се соочат со казни кои се движат од 200 до 500 евра. За потешките дела законот предвидува и казна затвор од три до десет години. Токму затоа полицијата апелира празниците да се празнуваат на друг начин, а не со пиротехника. Доколку граѓаните забележат несовесни лица кои користат или препродаваат пиротехника може да пријават на 192.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
