Актерите од струмичкиот театар не се согласуваат со изборот на новиот директор
Актерите од струмичкиот театар не се согласуваат со изборот на новиот директор. Според нив назначувањето на актуелниот директор на градинката во Струмица Васил Бубев за прв човек на центарот за култура Антон Панов е несоодветен. Велат дека немаат ништо против личноста, но сметаат дека тој не ги исполнува критериумите објавени во конкурсот од страна на министерството.
,, Еден од тие критериуми е кандидатите да имаат минимум пет години искуство во културна институција и работено на проекти во областа на културата. Избраниот кандидат Бубев, наставник по физичка култура според своето формално образование и досегашен директор на ЈОУГ Детска Радост Струмица не го исполнува тој критериум за разлика од другите двајца кандидати кои го исполнуваат тој критериум.,, вели ВАНЕ ВАСИЛЕВ – АКТЕР
,, Ако ги зело во обзир документите ќе видело министерството, поготово во мојата биографија пишува дека јас сум се уште член на театар Антон Панов Струмица, а и во моето мотивационо писмо пишува дека јас сум долгогодишен член и ги познавам работите од внатре.,, вели Оливера Аризанова Мансбарт - Кандидат за директор на Нуцк Антон Панов
Актерите бараат повлекување одлуката и распишување нов конкурс, но и средба со министерката.
Од министерството за култура информираа дека избраниот кандидат ги исполнува општите и посебните услови од огласот. комисијата за селекција на кандидати одлучувала по три пријави, но двајца од нив ја немале доставено потребната документација за огласот. Не доставиле ниту сертификат за познавање на англискиот јазик, а едниот од нив немал доказ дека е познат во јавноста како јавен општествен и културен работник или доказ за минимум 5 години работен стаж во областа на културата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
