Македонија
5. February 2021 - 21:18

Голема акција за апсење на дилери на дрога во Прилеп - Во криминалот вклучени полицајци и менаџери на локали и хотели

Во моментов во Прилеп во тек е голема полициска акција која започна уште претпладне. Според неофицијалните информации со кои располагаме во моментов акцијата е организирана за разбивање и откривање на голема дилерска мрежа и се проверуваат повеќе локации и домови на осомничени. Органите на прогонот трагаат по хероин, кокаин, марихуана и амфетамини.

Неофицијалните информации говорат дека во оваа мрежа се вмешани и менаџepи на локали, хотели, па дури и полицajци, кои во изминатиов период соработувале со дилерите на наркотични дроги.

Неофицијално дознаваме дека до овој момент се приведени и уапсени 7 лица, а осомничени биле 20-тина. Денеска била запленета марихуна, три возила, поголема количина пари, мобилни телефони и документација.

Од МВР не сакаат во овој момент да ги потврдат овие информации со кои располагаме, само велат дека во тек е поголема акција за која повеќе информации ќе имало во текот на утрешниот ден.

Инаку во Прилеп се присутни голем број на инспектори од Скопје, припадници на специјалните единици и кучиња трагачи. Неофицијално дознаваме дека органите располагат и со ПИМ мерки, односно дека оомничените биле следени повеќе месеци.

Акцијата се очекува да трае во текот на целиот викенд.