Македонија
7. February 2021 - 16:56

Наместо изградба на нов објект почна рекострукција на здравствениот дом во Охрид

Наместо изградба на нов современ здравствен дом ,реконструкција на старата зграда Маларична во Охрид. Забрзано се работи во внатрешноста на објектот и во работните простории на Итната медицинска помош, лабораторија, стоматолошките ординации, школскиот диспанзер, патронажната и техничката служба а конечно со нови ќе се заменат и дотраени дрвени клупи за седење во чекалните стари преку 5 децении.

Директорката Зејноска напоменува дека по завршување на внатрешната обнова ќе продолжат со реконструкција и на надворешноста на објектот кој е во лоша состојба .

Тука голем број охриѓани и гости добиваат здравствени услуги од повеќе медицински служби.

Објектот е изграден пред повеќе од пет децении, а до ден денес и покрај многуте ветувања дека истиот ќе биде урнат и на негово место или на друга локација ќе се изгради нов современ ургентен центар од сето тоа сеуште ништо.