Македонија
10. February 2021 - 12:49

Туристичките работници бараат да бидат вакцинирани меѓу првите

Сигурноста и безбедноста на патувањето пресудни за туристичките дестинации.

Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и хотелиерите од охридско-струшкиот регион ги усогласуваат протоколите Македонија да биде на листата безбедна туристичка дестинација ова лето. Тие се надеваат дека набрзо ќе започне вакцинацијата а притоа туристичките работници да имаат приоритет. Од 15 март ќе стартуваат и промотивните активности за привлекување на туристи од земјава, регионот и странство.

За хотелиерите е клучна вакцинацијата и бараат таа да започне час поскоро, но и да има засилени безбедносни мерки меѓу кои и сертификати за озонирање на собите.

Од агенцијата за туризам најавија дека ќе продолжи кампањата Дома си е дома за поддршка на домашниот туризам.

Инаку и  годинава 65% проценти од гостите во земјава  се очекува да бидат домашни и околу 35 % од регионот и странство.