Македонија
16. February 2021 - 12:30

Младите не гледаат шанси за добра работа во Македонија

60% од младите во југоистокот на државата го пријавуваат својот статус во агенцијата за вработување, но речиси исто толкав процент или нешто повеќе од 59,% не се доволно запознаени со мерките што ги нуди агенцијата, 59,3% веќе имаат искористено некоја од мерките или обуките што ги нуди агенцијата . Младите не се оптимисти кога е во прашање наоѓањето работа. Висок процент или 55,6%  сметаат дека можностите за наоѓање работа се тешко возможни.Ова го покажува истражувањето спроведено од страна на Центарот за поддршка од Гевгелија кое имало за цел да покаже колку младите се информирани за можностите што им се нудат за нивно самовработување или градење капацитети.  

Истражувањето е реализирано онлајн, а со него биле опфатени 113 испитаници на возраст од 16 до 31 година. Истото е реализирано како дел од проектот Поддршка на изборни реформи во Р.С. Македонија во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Национален младински совет Скопје. Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.