Македонија
30. December 2015 - 16:17

Зоран Заев ги предаде материјалите од незаконското следење на комуникациите на Специјалното јавно обвинителство

Шест кутии од рацете на обезбедувањето на лидерот на опозицијата во сефот на специјалното обвинителство. СДСМ ги спакува 600 илјади разговори во шест кутии. Откако добиле информации дека мерките за безбедност се реализирани одлучиле дека е време да ги предадат. Заев лично се уверил во овозможената техничка опременост на сефот во кој ќе бидат чувани прислушкуваните материјали.

Денеска сликата беше поинаква, без метри ниту квадратни ниту кубни. За политичките експерти ова отвара ново прашање дали опозицјата предала се што поседува.

Лидерот на опозицијата како осомничен во случајот Пуч потврди дека ќе се најде на спротивната страна во судницата со специјалната обвинителка.

Дали е ова уште еден обид за влијание врз постапката прашуваат експертите. Лидерот на опозицијата тврди дека се што превзеле како обврска од одоговорот од страна на СДСМ е реализирано. Очекува кристално чист изборен процес како услов за учество на изборите, зошто само така тврди Заев ќе нема можност за признавње или не на изборниот резултат.