Македонија
12. March 2021 - 19:50

Нов предлог: Пратеничка функција за лица кои имаат само македонско државјанство

Пратеник да може да биде полнолетен граѓанин кој поседува исклучиво македонско државјанство. Ова е предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако бугарскиот министер Каракачанов вчера објави дека дел од македонските пратеници од ова партија имале и бугарско државјанство.

Бугарските пасоши беа експресно демантирани од пратеничката група. Денеска пратениците од оваа партија одат чекор понаред.

Од владејачката СДСМ експресно потврдија дека ги поддржуваат измените иако доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Она што може да го проблематизира донесувањето на овие измени се албанските партии. Од Алијанса и Алтернатива велат дека на сила е нивниот бојкот во Собранието на сите закони, додека пак, од ДУИ сметаат дека решението е противуставно.

Македонскиот устав дозволува граѓаните освен македонско да поседуваат и друго државјанство. Исклучок од ова се само дипломатите кои, согласно новиот закон за надворешни работи, треба да поседуваат само македонско државјанство.