Македонија
16. March 2021 - 19:47

Побарана интерпелација за министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче доби интерпелација од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Причината, како што велат од опозициската партија, е лошото справување со ковид кризата, а особено во делот на набавката на вакцини за коронавирусот. Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче не бил министер за здравство туку за зараза и смрт.

ВМРО-ДПМНЕ доби поддршка и од коалицијата Алијанса – Алтернатива.

За власта пак, интерпелацијата ја сметаат за личен линч на Филипче од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а за лошата епидемиолошка слика одговорни биле дел граѓани кои не ги почитувале мерките за заштита.

Ова е четврта актуелна интерпелација во Собранието. Во парламентот се интерпелациите за вицепремиерот Николовски и министерот за правда Маричиќ на ВМРО-ДПМНЕ и за министеорт Спасовски од Алијанса и Алтернатива.

Парламентот се уште не расправа за нив бидејки е блокирана неговата работа поради позитивни пратеници од власта и филибастерингот на албанската опозиција, па има расправа само за точки од стари седници и без гласање.