Мицкоски понуди поддршка, за Заев сите опции се во игра за деблокада на Собранието
Лидерски пораки без официјална лидерска средба за да се стави Собранието во погон. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски преку Фејсбук ја подаде раката: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште утре да гласаат за петтиот пакет економски мерки за справување со Ковид пандемијата, но на посебна седница.
„Со цел да нема изговори и да излезе на површина фактот кој работи за интересите на граѓаните, а кој за свој личен интерес, барам од Собранието на утрешната седница каде и така има предвидено пратенички прашања, пред да почне собраниската седница за пратенички прашања да се закаже собраниска седница со дневен ред со четирите закони кои се од интерес за граѓаните, стопанството и поврзани со кризната состојба...“, пишува Мицкоски.
Премиерот Заев вели дека не го видел предлогот, но дека за него е прифатливо се што е во интерес на граѓаните. Сепак, обиди за деблокада на парламентот без помош од опозцијата ќе бара и со коалицискиот ДУИ.
Од кабиентот на спикерот Џафери не одговорија дали ќе ги разгледаат позциите. Неофицијално велат нема деловничка можност за нова брза седница со законите од 5 пакет кои веќе се на седница.
Додека лидерите ја отворија можноста за догoвор, пратениците со потврди ставови.
Но, освен со ВМРО-ДПМНЕ власта ќе треба да најде решение и за илјадниците амандмани на Алијанса на Албанците поради законот за државјанство. Иако албанската опозција рече дека е пдоготвена за преговри, од власта засега нема одговор.
Заев вели има напредок и во преговорите за Изборниот законик за читачите на отпечатоци од прст односно локалните избори ќе бидат со фингерпинт освен на оние места на кои нема интернет и таму ќе се гласа како и досега.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
