Македонија
25. March 2021 - 19:44

Власта и опозицијата се договорија за усвојување на пакетот економска помош

По неколку неделно натегање и мораториум на Собранието, падна договор за економските закони од петтиот пакет мерки. Спорната 36 седница стана ковид седница. Од нејзе беа задржани само точките со мерки, а по предлог на опозицијата и со поддршка на власта беа повлечени сите останати точки. За сметка на тоа ВМРО-ДПМНЕ обезбеди кворум на СДСМ, ДУИ и БЕСА на кои им недостасуваа пратеници што се во изолација.

Од власта пак, велат надвладеал разумот.

Договорот падна на ад хок координација кај спикерот Џафери и вчерашните пораки на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и премиерот Заев. Се одржа и средба Џафери-Заев на која било констатирано дека политичкиот дијалог треба да се довива во парламентот, а работа на пратерниците и од власта и од опозицијата е да ги извршуваат своите работни обврски.

Законите од петиот пакет мерки се по скратена постапка и веднаш ќе бидат отворени и на Комисијата за финансирање и буџет. Пратеничката група на Алијанса и Алтернатива најави блокада и на овие закони со стотици амандмани поради нивниот закон за државјанство.

Сепак, откако амандманите ќе бидат преведени, расправата во Комисијата за закони по скратена постапка трае само три дена. Проценката е дека мерките во парламентот конечно ќе бидат донесени кон крајот на наредната недела.