Македонија
29. March 2021 - 16:44

Почнаа подготовките во Спортскиот центар ,,Борис Трајковски‘‘

По примерот на Србија, но и неколку други држави и најголемиот затворен спортски центар во земјава салата “Борис Трајковски” станува голем пункт за имунизација.

Подготовките на просторот во големата сала веќе се почнати. За сега нема конкретен датум кога во арената ќе почне боцкањето на граѓаните. Според неофицијални информации на Сител се чекаат кинеските вакцини и со нив тука да почне да се спроведува масовна имунизација. Во салата ќе се вакцинираат и заинтересираните кои се пријавиле преку официјалниот сајт. 

Од Министерството за здравство најавија дека во Борис Трајковски ќе има 30 позиции за боцкање со исто толку тимови кои ќе ги аплицираат дозите на 15-тина минути.

Директорот на Центарот вели дека во наредните 2,5 месеци откажани се сите спортски настани за кои се користи големата сала. Се друго нормално ќе си функционира.

-Според мерките и протоколите од Министерството за здравство се друго продолжува да си работи како и досега, малата сала, базенот, кугланата, како и околните продавници, изјави Александар Петровски, директор на СЦ“Борис Трајковски”.

Директорот на Борис Трајковски се надева дека процесот на масовна вакцинација ќе заврши до јули бидејќи тој период имале резервација за големи спортски настани на европско и светско ниво.