Македонија
6. April 2021 - 16:33
Власта и опозицијата најавуваат деблокада на Собранието
На повидок целосна деблокада на Собранието за да се донесат законите од 5 сет економски мерки за справување со пандемијата. Чекори најавуваат и од власта и од опозицијата за да се надмине проблемот за законот за државјанство на Алијанса и Алтернатива поради кој се уште економските мерки не се донесени. СДСМ ќе разговара со албанаската опозција, а ВМРО-ДПМНЕ по исходот не исклучува да ги повлче своите амандмани на законот.
Иако договорија одложување на пописот, власта и опозицијата се уште имаат разлики за статистичката операција.
Во рамките на пакетот за одблокирање на парламентот се законот за дивоградби, за советите на МРТ и на Агенцијата за медиуми, за заеми потребни за 4 пакет мерки, за нов кличнички центар.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
