Македонија
29. April 2021 - 12:36

Струмица: Нема доволни количини на пролетна зелка

Минатата година се протестираше за повисока цена на зелката, годинава и покрај тоа што се откупува  за  30 денари од килограм речиси и да ја нема на откупните пунктови.  Трговците од струмичко веќе неколку недели мака мачат да ги обезбедат   потребните количини за да ги испочитуваат договорите со странските партнери. Некои испорачале само дел од договореното, а голем дел морале да ги откажат нарачките. Бидејќи нема стока,  додека се чека да стаса производството што е засадено на отворено, но и другите култури како што е се пиперката и доматите некои од магацините можно е да бидат затворени.

Намалените површини се една од главните причини за недостатокот на потребните количини.   Според трговците свој удел во целата ситуација имаат и неповолните временски услови , но и се помалиот број на млади кои се занимаваат со земјоделие.

Оваа сезона најголем интерес за струмичката зелка имаше од Украина и Полска. Дел од производството заврши и на пазарите од бившите југословенски републики, но и во Романија и Унгарија.