Македонија
28. јуни 2021 - 12:22

Масакр на шумата во Јабланица

Масакр на шумата во Јабланица. Речиси цели предели се опустошени од дрвокрадци кои години наназад со коли, коњи и товарни возила најчесто ноќе во организирани групи собираат големи количини огревно дрво го превезуваат и го продаваат по многу пониска цена од онаа на пазарот.

Од еколошкото друштво „Натура лаб“ бараат поголема контрола на терен  од страна на инспектортите.

Лабуништани се загрижени велат дека пустошењето на шумите им предизвикува опасност од свлечишта а се почесто имаат проблеми и со водата за пиење.

Мештаните од Боровец, Лабуништа и Подгорци кои се најзасегнати од ваквата појава најавија протести доколку надлежните институции не им излезат во пресрет за решавање на овој проблем.