Македонија
28. јуни 2021 - 16:35

Се поизвесно дека зелената такса нема да стапи на сила од 1 јули

Различни сценарија во Собранието околу поскапувањето на бензините за еколошки цели. Првото, е тоа дека екотаксата за горивата во Собранието ќе мора да го почека ребалансот на буџетот и за нејзе да се расправа дури кон средината на јули без решение за блокадата за опозицијата. Крајното сценарио што го коментираат пратениците е дека Владата ќе ги повлече измените на законот за животна средина и ќе ги поднесе повторно со европско знаменце. Така ќе го спречи бојкотот и новата давачка да биде донесена до крајот на неделата.

Она е што е сигурно дека опозицијата ќе се обиде да ја блокира мерка за која велат дека не е еколошка туку само ќе ги осиромаши граѓаните и ќе ја зголеми инфлацијата. Блокадата ќе биде со долги говори и амандмани.

Против зелената такса застана и албанската опозиција во парлментот.

Од власта пак, коментираат дека навикнати се на блокади, но повикуваат на разумност бидејќи мерката е добра.

Измените на законот за се влезени во Собранието, но не се ставени на дневен ред на седница. Прва таква можност ќе биде во среда. Иако се работи за еколошка мерка, поради фискалните импликации на законот матична комисија најверојатно ќе биде комисијата за финансирање и буџет. Ова собраниско тело пак, од 1 јули па, наредните 10 дена ќе расправа за ребалнсот на буџетот, што веројатно ќе значи одложување на екотаксата за подоцна, коментираат пратеници.

За информациите екотаксата да биде повлечена од Собранието, па повторно да биде поднесена со европско знаменце од Владата коментираат дека засега нема ништо такво, но не ја исклучуваат можноста.