Голем број охридски плажи не се безбедни за капачи
Туристичката сезона во ек а половина од плажите небезбедни за капење. Оние капалишта кои имаат концесионери и тоа претежно пред хотелите и автокамповите имаат ангажирано спасители на вода но на оние плажи пак каде се острануваше нелегалната градба и платформите сеуште не се безбедни за капачите. Од Црвениот крст од Охрид се надеваат дека по уредување на крајбрежјето ќе бидат обезбедени спасители или па истите со чамци да патролираат долж езерото се со цел поголема безбедност на плажите во Охрид.
Моментално на 8 плажи се ангажирани спасители на вода но од Црвенот крст апелираат поради топлото време и зголемениот број на капачи ова лето навремено да се обезбедат и останатите плажи. Досега спасителите имале само неколку интервенции на укажување прва помош и заштита.
Со оглед на тоа дека во наредниот период се очекува бројот на гости во Охрид да расте, со тоа се зголемува и потребата од спасители. Од локалната пак најавија дека деновиве интензивно спроведуваат активности за чистење и уредување на плажите, на кои во текот на претходниот период се отстрануваа бесправно изградните објекти.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
