Охрид бележи зголемен број на жртви на семејно насилство
Семејното насилство во Охрид алармантно. Насилството не бира социјален статус и припадност помеѓу жртвите кои се вбројуваат се наоѓаат најразлични профили на личности како докторки адвокатки, до невработени и лица во социјален ризик. За само 6 месеци од почетокот на годинава пријавени се 70 случаи на семејни насилство посочуваат од Центарот за социјални работи, а секојдневно пристигнуваат пријави од полицијата по кои постапуваат социјалните работници.
80 посто од жртвите се жените но покрај нив и децата кои често се инструмент кој се користи за решавање на брачните проблеми помеѓу сопружниците.
Статистиките говорат дека најчести причини за насилството се нарушените семејни односи, економската зависност, љубомората и алкохолот. Моментално во шелтер центарот во Охрид е згрижена една жена со три деца.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
