Македонија
11. July 2021 - 21:21
Шумарскиот институт издаде привремена забрана за дрвосеча на Јабланица
Привремена забрана за дрвосечата на планината Јабланица издаде шумарскиот институт. Инспекторите на терен констатирале негрижа на боровата шума а од еколошкото здружение од Лабуништа Натура Лаб пак велат дека борбата не застанува тука бараат Јабланица да биде прогласена за национален парк.
Лабуништани бараат засилени контроли на терен и од шумската и од граничната полиција за да се спречи масакарот на Јабланица.
Проблемот со пустошењето на шумата трае со години па поради тоа жителите од Лабуништа, Подгорци, Боровец, и Октиси стравуваа од евентуални свлечишта но и секнување на изворите од каде се снабдуваат со вода за пиење.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
