Македонија
12. July 2021 - 12:31

Вечерва стартува 61 издание на Охридско лето

Се е подготвено за 61 то издание на фестивалот Охридско лето. Свеченото отворање вечерва на Античкиот театар ќе биде во знакот на Чајковски во изведба на Националната опера и балет. Во проектот ќе учествуват над 90 уметници под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Од 12 јули  до 20 август на сцената ќе продефилираат над 500 уметници од 18 земји, а програмата вклучува врвни концерти со светски познати имиња, македонски уметници со светска слава, театри и повеќе национални оркестри.

Случувањата ќе се реализираат на три сцени во Античкиот театар, во Црквата „ Света Софија“ и Долни Сарај.

Затворањето на 61-то Охридско лето, ќе биде со Југословенскиот драмски театар,со претставата На  отворено море  на сцената на Долни Сарај во Охрид.