Седница за резолуцијата на 15-ти или 22-ри јули?
Нема договор кога Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во разговорите со Бугарија ќе се најде пред пратениците иако начелна согласност за документот стигна од сите голени партии. На денешната координација кај спикерот Џафери резолуцијата одвај била спомената, но од агендата за седници јасно е дека таа може да биде ставна на дневен ред на 15 или 22 јули.
Опозицијата бара таа да биде ставена на дневен ред на 15 јули, но коментарите од власта се дека документот најверојатно ќе почека да се усогласи текстот, особено околку користењето на уставното име на државата бидејки тоа го побараа и до СДСМ, но и помалите коaлициски партнери.
Од кабиентот на Џафери веќе една недела нема одговор дали Резолуцијата е стигната до него и дали е уредно поднесена, како и кога би била ставена на седница.
Во Резолуцијата се содржат 8 точки кои ја обврзуваат Владата во преговорите со Бугарија да ги почитува јазикот и историјата врз основа на фактите што ги утврдила македонската и светската наука.
Нема договор ни затоа кога на дневен ред би дошле интерпелациите и за спикерот Џафери која е последната во низата поднесени од опозицијата, но и за министрите Николовски и Маричиќ поднесени уште во текот на февруари и март.
На седницата на 15 јули планиран е ребалансот, но според темпото на работа пратениците на седница за него нема да можат да расправаат пред 20 јули. На седницата за 22 јули пак, се дел од законите предвидени со корона финансиските пакети.
Последната седница пред август, кога Собранието е на колективен одмор, ќе биде за пратенички прашања на 29 јули. Пред одморот, собранискиот спикер Талат Џафери ќе треба да ги распише и локалните избори за октомври. Собранието за време на кампањата за локални избори вообичаено е во мирување.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
