Донација на УСАИД за царинските управи на Македонија и Албанија
Безбедните и ефикасни гранични и царински контроли се неопходни за олеснување на трговијата и транспортот за побрзо пренесување на стоките преку границата и за поврзување на локалните бизниси со регионалните и глобалните пазари и синџири на снабдување. Пандемијата со Ковид-19 дополнително покажа колку е важна соработката и интеграцијата меѓу земјите долж главните транспортни правци, посочи амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнс.
Од транспортната идустрија велат дека на овој начин ќе има побрзо поминување на границите ,пократки гранични формалности и контроли на едно место.
За олеснување на трговијата и транспортот и подобрување на прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Албанија, Владата на САД, преку УСАИД, донираше опрема вклучувајќи мобилни скенери, дензитометри, и камери кои ќе ги користат царинските управи на двете земји.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
