Мал е интересот за ангажирање спасители на плажа во Струга
И додека спасителите на вода патролираат на плажите во Охрид во екот на сезоната во соседна Струга сликата е сосема поинаква. Иако има концесионери, кои имаат склучено договори со општината, мал е интересот за ангажирање на спасител на плажа. Капалиштата не се ни обележани и нема поставени табли на кои согласно правилникот треба да стои дека истите се небезбедени.
Од Црвен Крст Охрид апелираат до сите посетители, корисници на капалиштата и до издавачите на пловни реквизити да се придржуваат на препораките и мерките за безбедно одвивање на капење, спорт и рекреација посочувајќи дека најчестите интервенции на спасителите на вода биле на давеници од педалинки.
Од Црвениот Крст најавија дека за време на викендите и празниците, кога се очекува зголемен број на посетители на капалиштата, тимот на спасители ќе биде придружуван и со тим на парамедици кои ќе укажуваат прва помош во случај на потреба.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
