Македонија
6. August 2021 - 16:52

Мерко ќе се бори за нов мандат

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко на октомвриските избори ќе биде кандидат на Демократската унија за интеграција за трет градоначалнички мандат. Одлуката ја соопшти првиот вицепремиер  , Артан Груби, за време на панел-дискусија организирана од Општина Струга по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор кој најави дека Мерко со својата работа заслужил да биде кандидат и дека нема улица и булевар во Струга каде не се гради

Груби посочи дека поднесената пријава не значи дека Мерко е виновен додавајќи дека граѓаните на крајот се тие кои одлучуваат.

Артан Груби вели дека Мерко ќе си каже кои ќе бидат клучните проекти со кои ќе ја бара довербата од стружани, но најавува дека ќе има зелена агенда.