Во Охрид повторно отворена модуларната болница за ковид пациенти
Модуларната болница во Охрид повторно отворена за ковид пациенти. И додека во текот на минатиот месец главниот туристички центар речиси и да го немаше на листата со нови случаи, Ммоментално регистрирани позитивни има околу 40 а болнички се лекуваат 4 пациенти .
Хоспитализираните се млади лица од 25 до 45 години и повеќето не се вакцинирани а едниот од нив е со потешка клиничка слика и е на повремена кислородна подршка .
Зголемен е број на прегледи,и тоа претежно кај помлади пациенти, кои се суспектни на вирусот а огромна оптовареност има и во интерно каде дневно има преку 100 прегледи , хирургија и педијатриското одделение во охридската болница.
Шпицот на сезоната, во комбинација со речиси непочитување на мерките придонесуваат за ваквата состојба. Здравствените работници апелираат на претпазливост особено овој период кога раздвиженоста е поголема, а има и странски туристи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
