Македонија
15. August 2021 - 16:40

25 пациенти чекаат трансплантација на срце - најмладиот има само 16 години

Органодарителството е благороден и хуман чин кој е најголемиот подарок што еден човек може да му го дарува на друг човек. Вкупно во земјава 25 пациенти се уште  чекаат тансплантација на срце, а најмладиот од нив има само  16 години. Од здружението Храбро срце велат дека надежта расте бидејќи се поголем е бројот на заинтересирани граѓани од сите градови, вклучително и од Охрид, за дарување органи.

Реномирани доктори од Охрид и Струга дадоа целосна поддршка за важноста од  донирањето на органи како начин за спасување животи.

Минатата година беше извршена првата трансплантација на срце од починат донор во земјава, тоа влева надеж  кај пациентите кои чекаат трансплантација велат од Храбро срце. Досега во земјава имаше четворица органодарители од кои можеше да се искористи срце.