Македонија
17. August 2021 - 17:06
Расте бројот на хоспитализирани од Ковид-19 во охридската и во струшката болница
Расте бројот на ковид позитивни во охридско-струшкиот регион. И додека во Охрид хоспитализирани се 13 лица од кои повеќето се на кислородна подршка, а еден од нив е со потешка клиничка слика во соседна Струга двојно поголем е бројот на хоспитализации моментално се лекуваат 20 пациенти а најмладиот од нив има 30 години.
Зголемен е бројот и на прегледи во болниците, но позитивно е тоа што солиден е и процентот на вакцинација кај населението.
Двата туристички центри сезонава се преполни со туристи. Се организираа стотици свадби, концерти и забави со илјадници гости, а ретко каде се почитуваа протоколите за заштита од вирусот.
Инаку во Охрид заклучно со вчерашниот ден има активни 155 лица додека во Струга 133 случаи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
