ОБСЕ објави оглас за набљудувачи за изборите во Македонија закажани за 24 април годинава
За изборите кои ќе се оддржат на 24 април годинава ОБСЕ/ОДИХР го објави огласот за избор на членови на набљудувачката мисија. За меѓунаордната организација започна подготовката за иборниот процес. До 24 јануари ќе ги примаат пријавите од заинтересираните.
Во огласот објавен на нивната веб страна се вели:
Следејки ја официјалната покана за набљудување на предвремените парламентарни избори закажани за 24 април 2016, базирајки се на наодите и заклучоците од мисијата за проценка на потребите распоредени од 2-5 ноември 2015 во согласност со мандатот, ОБСЕ/ОДИХР се подготвува за распоредување на набљудувачка мисија за овие избори.
За овие потреби ОБСЕ/ОДИХР бара надворешни консултанти за позициите, шеф на мисијата, заменик шеф на мисијата, политички аналитичар, изборен аналитичар, правен аналитичар, медиумски аналитичар и координатор на долгорочните набљудувачи. Дополнително се посочува дека ОБСЕ ќе има потреба и од 24 долгорочни и 300 краткорочни набљудувачи.
Целосната процедура за заинтересираните е објавена во огласот на веб страницата на ОБСЕ, а рокот за аплицирање истекува во 18 часот на 24 јануари.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
