Ковид центрите преоптоварени - Хоспитализирани 900 пациенти
По десетина транспорти дневно на ковид пациенти на кои им е потребна хоспитализација имаат екипите на скопската Брза помош. Растот на новозаразени го зголеми бројот на повици и интервенции на итната медицинска помош. На 194 се јавуваат и асимптоматски со полесни симптоми, но и роднини на граѓани кај кои вирусот сериозно им ја влошил состојбата.
- Се јавуваат граѓани кои имаат блага доумерена клиничка слика, тие најчесто бараат помош, совет за симнување на температурата која најчесто долго трае, морам да напоменам дека се јавуваат и роднини, односно блиски на луѓето кои што долго време биле лекувани дома и дошло до тешка клиничка слика и неопходна е хоспитализација, изјави за Сител д-р Елена Карева Пиловска, шеф на смена во скопската Брза помош.
Освен во Ковид Центрите во Скопје, не попушта притисокот и врз болниците во Западна Македонија, пред се во Тетово и Гостивар. Од каде поради преполнетоста на капацитетите принудени се да препраќаат пациенти во главниот град. Викендот 25 примиеми имале и во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле, а доколку има потреба и дел од Интерните Клиники повторно ќе примаат ковид пациенти, рече Филипче.
- Спремни сме да се реорганизираме и дополнително и во другите болници. Сега веќе имаме и едно искуство. Овие денови следиме како се одвива бранот во Тетово и во Гостивар, кои се специфични градови зошто нагло се зголеми бројот на пациенти на кои им беше потребна хоспитализација, изјави министерот за здарвство Венко Филипче.
Во моментот во земјава 900-тини пациенти поради компликации од вирусот се на болничко лекување, од нив близу 300 се хоспитализирани во Ковид Центрите во Скопје, а само во тетовската болница и гостиварската болница има 200 болни.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
