Македонија
31. August 2021 - 16:42

Владата ќе ги одликува сите 120 пратеници од првиот состав на Парламентот за 30 години независност

Демократска, слободна држава, со зачуван идентитет. 30 години од независноста, Владата на свечена седница се пофали со успесите – каде бевме и што постигнавме? По успешниот Референдум во 91-та година, граѓаните се одлучија за нов почеток. Се создаде сопствена армија, се воведе национална валута, следуваше меѓународно признавање на државата, се појавија конфликти, па истите се решаваа. Сега Македонија е отворена, стабилна, праведна земја, каде слободата и демокртијата се на пиедестал, вели премиерот Заев.

Тогаш Албанците не учествуваа на референдумот. Сега вицепремиерот Груби, вели дека се двоуми дали таквиот избор бил правилен. Ако, според него, тогашната политичка елита, директно учествувала на референдумот, ќе се овозможело меѓусебно разбирање и донесување помодерен и мултиетнички Устав.

- Ова двоумење беше недостаток на храброст на еден дел на политичката елита, кога изгубивме една цела деценија во убедување. Сите договори и недоразвирања се дел од заедничка приказна на патот на независност и Охридскиот Рамковен договор и го определивме нашиот пат кон ЕУ, вели Артан Груби.

Создавањето држава не е лесно, но, ако е тешко, не значи дека е невозможно, вели министерската за одбрана Шекеринска. Секој обид да се изгради држава со популизам, национализам и тензии не носи ништо добро. Потребни се храброст, работа и отвореност.

Премиерот Заев со Иницијатива - на сите 120 пратеници од првиот состав да им се доделат признанија за нивниот придонес кон создавањето независна, суверена, слободна и демократска држава.