Филипче: Опаѓа бројот на новозаразени, расте бројот на вакцинирани, мерките даваат резултат
Со 61.6 проценти Неготино е град со најголем опфат, а најмалку вакцинирани 29.6 отсто има во Гостивар. Според анализата на Министерството за здравство слаб е одзивот за имунизација и во Струмица, Куманово, Радовиш. Од друга страна речиси двојно повеќе дози се аплицирани во Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Битола.
Скопје со 44.8 отсто вакцинирано население е на средина на табелата. Најголем раст на процентот има во Тетово каде досега вакцина примиле 36.9 насто од граѓаните.
Според министерот за здравство онаму каде има има поголем број вакцинирани, има помалку заболени и хоспиталиизрани.
Филипче рече дека веќе неколку дена има тренд на намалување на бројот на новозаразени.
-Р0(ер нула)-Факторот на преносливост е веќе под еден, односно 0,9. Од искуството од претходните бранови, во период од една недела до 10 дена, најпрво предничи падот на Р0 факторот потоа вкупниот број на новодијагностицирани. Што значи, согласно претходното искуство, можеме да очекуваме да продолжи трендот на намалување на новозаразени, истакна Филипче.
Досега во државата комплетно вакцинирани се 531.000 граѓани.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
