Македонија
2. September 2021 - 16:53

200 судници ќе можат да водат он-лајн судење од идната година

Од идната година, безмалку 200 судници во државата ќе бидат дигитализирани, со што ќе се овозможи он лајн судење. Опремата е донација од амбасадите на САД и Норвешка, мисијата на ОБСЕ и ЕУ. Он лајн судењата ќе може да ги следи и јавност, без да биде физички присутна.

-Едноставно, целта ни е да имаме брзи и ефикасни судења, без бескрајни одлагања и без можности за манипулации и тоа е особено важно во контексто на пандемијата, која и реално еобјективна пречка за ефикасна постапка, но исто така и понекогаш се користи за бескрајни одлагања- изјави Бојан Маричиќ, министер за правда. 

Во моментот правосудниот систем се соочува со недостаток од судии и јавни обвинители, но единствен начин да се пополнат испразнетите места во првостепените судови е да се делигираат од редовите на новата генерација академци, што ќе дипломираат во јуни следната година.

-Веќе наредната есен, значи септември-октомври 2022 ќе може да се избираат тие за судии и јавни обвинители. Се работи за околу 60 кандидати. До тогаш немаме начин да избираме нои судии- изјави Маричиќ

По однос на измените во Изборниот законик, Маричиќ смета дека тоа мора да почека до завршување на локалните избори, зашто во спротивно, со менување на правилата, ќе се одмогне на самиот изборен процес.

-Само доколку пратениците мислат дека има некаква потреба од некаква измена, иако е тешко да се каже со оглед на тоа дека времето е кратко до изборите, Собранието работи до 27-ми септември, а потоа повторно заради капмањата ќе биде на пауза- додаде Маричиќ

Дел од препораките на ОБСЕ и ОДИХР за предложените измени не се врзани со конкретни рокови, но се ќе зависи од волјата на пратениците кои го предложиле Законот.