Македонија
5. September 2021 - 16:39

Стамер во Делчево стана првиот палеонтолошки локалитет во Македонија

Стамер во Делчевско е првиот заштитен палеонтолошки локалитет во Македонија, што значи зачувување на исклучително вредните наоди на пикермиска фауна и геоморфолошки форми. На овој локалитет пред 14 години пронајден е уникатен фосилен материјал, одделни коски и фрагменти од претците на денешните животни, жирафа, коњ со три прсти, свиња, елен, говедо, носорог и хиена, кои се чуваат во  Природнонаучниот музеј во Скопје.

- Најкаректиристичен вид кој е пронајден на овој локалитет е токму овој Sivatherium Garevskii. Тоа што го прави најкаректистичен е дека е прв вид во Европа, меѓутоа не е прв во Азија и Африка и овој вид преставуваше една алка која недостига, да ние ете знаеме дека копната во минатото биле споени- изјави Билјана Гаревска, природнонаулен Музеј.

Првиот фосилен остаток го открива рударскиот инженер Љубе Митевски на неколку метри над селото Стамер.

- Имав основни познавања од палеонтологијата, на Рударскиот факултет го имавме како предмет и го препознав на самиот терен дека се работи за фосил- изјави ЉУБЕ МИТЕВСКИ, РУДАРСКИ ИНЖЕНЕР ОД ДЕЛЧЕВО

Геолошката старост на локалитетот укажува дека фосилите се стари помеѓу 4 и 9 милиони години.

- Македонија заради природните услови, меѓу европските земји претставува едно подрачје кое што не е големо по површина, меѓутоа располага со многу природни вредности - изјави Васил Анастасовски, македонско еколошко друштво.

Во првиот уреден палеонтолошки парк изработени се патокази и патека до местото каде се вршени истражувањата, а поставени се и информативни табли со фотографии од пронадените фосили.