Македонија
30. September 2021 - 21:43

Наместо отпад - влезна суровина за готов производ

Цирклуларната економија, каде од отпад со рециклирање и преработка, се добива корисен, еколошки производ,  кој не ја загадува животната средина, почнува да се применува и кај нас. Иако доцниме едно 10 тина  години,  добро е што конечно  почнавме  , вели вицепремиерот Битиќи.

Наместо отпад  – влезна суровина за готов производ.  Црната и белата троска кои се  добиваат од топење на железото, веќе нема да завршуваат   како отпад. Од нив ќе се добиваат материјали за градежништвото,  за асфалтирање улици, тампонирање и  бетонски блокови, На овој начин  ќе се намали загадувањето бидејќи се  добива еколошки производ, велат од Градежниот институт

Ќе се намали негативното влијание на индустријата врз животната средина и се добива квалитетен градежен материјал. Но, апелираме, државата да даде пподдршка на ваквиот концепт, да не останем,е само на овој проект, изјави  8,42

Државата има капацитет за развој на циркуларната економија, иако заостануваме едно 10 тина години, велат владините  претставници. Неискористен потенцијал препознаа во  енергетиката и земјоделието.

Циркуларната економија има огромен потенцијал во Северна Македонија. Среќен сум што денеска конечно приватниот сектор почна активно да зборува за цикуларната економија, но жалам што како држава можеби доцниме десетина години, Но., мора да се поттикнува циркуларната економија бидејќи она што се гледа како отпад може да стане секундарен ресурс и да добие нова додадена употтреблива вредност рече вицепремиерот Фатмир  Битиќи.

Инаку Градежниот институт  заедно со 12 истражувачки центри  од  7 земји во Европа,  го направија успешен овој проект,наречен Циндерела,  кој е финансиран од Евроспката Комисија .