Македонија
6. November 2021 - 20:00

Мицкоски: Владата на Заев паѓа, ако не формираме нова влада ќе одиме на избори

Новото мнозинство е гарант дека Владата на Заев падна, првата цел на Мицкоски ќе биде да формира нова влада. До понеделник ќе ја чекаат оставката од премиерот Заев а доколку тоа не се случи ќе поднесат интерпелација во Собранието. Новата влада ќе се формира под услов ако биде сигурен дека ќе биде влада со сериозен кредибилитет. Единствената цел кон која одамна се стреми потенцира  дека е уривање на владата на СДСМ  и развластување на ДУИ.  Втората опција се брзи избори но под кои услови тоа ќе се  решава на лидерска средба.

Мицкоски неколку пати ги презентираше потписите на 61 пратеник за кои вели се гарант за да изгласаат недоверба на Владата. Сигурен ќе биде дека ја има поддршката од овие пратеници кога ќе го добијат мандатот. Мицкоски откри дека жестоки притисоци  веќе има врз пратениците од новото мнозинство.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ потенцира дека тој не е за техничка влада во меѓувреме туку за пржинска која би ги подготвила изборите. Досега не разговарал со претседателот на државата но е сигурен дека Пендаровски се информирал за новите случувања. Во меѓувреме Мицкоски оствари средба со коалиционите партнери кои како што сооопшти попладнево му дале поддршка за натамошните чекори по објавата за новото парламентарно мнозинство.