Македонија
7. November 2021 - 16:31

Мицкоски со конкретен рок до Заев - ако не ја поднесе оставката почнуваат постапка за промени

Мицкоски постави рок до утре попладне доколку премиерот не ја поднесе оставката тие ќе ја поднесат интерпелацијата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите дека пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи го повлекол потписот и тврди дека никој не бил излажан за составот на новото мнозинство. Мицкоски не откри дали е во преговори со пратеници од ДОМ и ЛДП но им порача дека вратата е отворена за сите кои се против оваа влада.

Во однос на спротиставените ставови кои ги имаат политичките партии чии пратеници ставија потпис на уривање на владата, Мицкоски вели дека не постои нешто што не може да се реши кога е во прашање народот.

На состанок во партиското седиште денеска лидерот ги повикал сите градоначалници од кои побарал три работи, во наредниот месец да почнат најмалку три капитални проекти, да се откажат од привилегиите како користење беспотребно службени возила, скапи ручеци и наместо во канцеларија да бидат во постојан контакт и на терен со граѓаните.