Двајца млади пациенти ја загубија битката во штипската болница
СарсКов 2 вчера зема два млади животи во штипскиот Ковид центар. Починатиот пациент од Берово, на 35 годишна возраст на инфективното одделение, имал коморбидитетите со придружна состојба даунов синдром. На одделението е примен со тешка клиничка слика и кислородна поддршка.
-Претстојуваше 3 дена, меѓутоа секој ден имаше влошување на состојбата и за жал вчера настапи егзитус леталис- изјави Д-р Дијана Шишкова, началник на инфективното одделение -
Вториот пациент кој ја загуби битката со вирусот е 38 годишен штипјанец. Првите 5 дена имал висока температура и бил третиран амбулантски. По благиот пад на сатурацијата е хоспитализиран и добивал повремена кислородна поддршка. Во следните денови развил потешка клиничка слика на Ковид пневмонија, но добро реагирал на терапијата и се чувствувал подобро, се до вчера наутро кога состојбата нагло се влошила.
-Клиничка слика со развивање на белодробна тромб емболија. Веднаш беа повикани кардиолог и анстезиолог и беше ординирана терапија за лекување на таа состојба. Беше постигната извесна стабилизација, но во попладневните часови пак настапи влошување и за жал заврши со смртен исход- додаде Шишкова
За разлика од претходните бранови, делта сојот ја спушти возрасната граница на хоспитализирани пациенти.
-Овој период, со делта сојот, имаме многу повеќе млади пациенти- изјави Шишкова
На инфективно во главно се хоспитализираат пациенти со тешка клиничка слика и на кои им е потребна кислородна поддршка.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар