Македонија
8. November 2021 - 16:39

Шилегов ја дочека Арсовска со букет цвеќе

Со џентлменски гест беше дочекана новата градоначалничка на Град Скопје. Шилегов и подари буќет цвеќе на дамата која го победи на изборите со околу 28 000 разлика. Данела Арсовска официјално е градоначалничка на главниот град. Со насмевка на лицето пристигнаа и двајцата а на примопредавањето пред камерите не зборуваа многу.

Арсовска денеска не сакаше да зборува пред камерите и најави средба со медиумите во среда.

Шилегов рече дека на кратко ја запознал Арсовска со основните работи важни за функционирање на Град Скопје и порача дека таа наследува  посветен тим, но посебен аманет не оставил.

Во текот на следните неколку дена треба биде закажана и  конститутивна седница на Совет.