Македонија
13. November 2021 - 16:42

Општина Штип се уште без одлука како ќе се постапи по укажувањата на инспекторите за уставното име

Потпишаните свечени изјави на штипските советници од ВМРО ДПМНЕ и Левица треба да се усогласат Со Уставот, бидејќи тоа е највисок правен акт кој произведува супериорно правно дејствие и сите закони и прописи мора да бидат усогласни со него, стои во решението од Државниот инспекторат за локална самоуправа, доставено вчера доцна попладне. Советниците ќе мора да потпишат нови изјави со уставното име, а сите донесени одлуки на Советот на општината да се повторат. Советот имам рок од 15 дена да постапи по одлуката.

-Во текот на овие денови ќе направам координација со советничката листа и правните служби на општина Штип и врз основа на тоа ќе се произнесеме за нашите понатамошни чекори- изјави  Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Градоначалникот и престедателката на Советот се опоменати. Јорданов смета дека ова е оркестриран напад од страна на опозициските советници за да се опструира работата на Советот.

-Наместо да се интересираат за посуштински прашања и работи, наместо да бараат одговорен кој ги потрошил 300 милиони денари народни пари и кој ќе сноси одговорност, тие се занимаваат со блокада на работата на Советот на општина Штип, на штета на граѓаните- додаде Јорданов.

Доколку не се постапи по решението во рамки на предвидениот рок, може да стапи на сила мерката „„запирање на примена на пропис“, што значи блокада на рабпотата на Советот на општината.