Бизнис
15. December 2021 - 21:18

Синдикатите велат К-15 мора да има, ако треба со ребаланс на Буџетот

Синдикалните организации остро реагираат по информацијата дека за наредната година не се предвидуваат средства во буџетот за  К-15 за јавната администрација. Од ССМ за Сител велат дека е неиздржана ваквата одлука бидејќи на сила е колективниот договор со кој се предвидува регрес за административците. Доколку Владата постапи поинаку ќе се соочи со радикални протести.

И од УПОЗ се заканија дека ќе возвратат со тужби кои државата ќе ја чинат многу повеќе од исплатата на К-15.

Недозволиво е државата за едни да биде мајка за други макеа реагираат и од СОНК. Доколку ова но и договорот за минимална плата не се испочитува до Нова Година, ќе излезат масовно на протести.

За неисплатата на регрес на дел од администрацијата во 2020 година, веќе се донесени првостепени судски пресуди во корист на тужителите.