Македонија
16. December 2021 - 16:31

Арсовска го стопираше БРТ, за власта потегот е скандалозен

Арсовска го стопираше меѓународниот тендер за изградба на проектот БРТ во Скопје. Градоначалничката смета дека БРТ ќе се реализира предолго а на градот му се потребни брзи и ефикасни решенија за јавниот превоз. Во овој проект имало бројни недостатоци и ризици врз животната средина.

„Самата траса на БРТ на булеварот Партизански одреди минува над главната водоводна цевка за снабдување со вода на Скопје, што само по себе претставува ризик кој може да донесе големи проблеми за самиот град. Покрај тоа, доколку се реализира БРТ, градот ќе остане без голем број дрвја и зеленило, што секако лошо ќе влијае на животната средина.“

Од СДСМ сметаат дека ова е скандалозен потег на градоначалничката и е против интересите на скопјани а на штета на градот и државата пред меѓународните институции како што е ЕБОР.

Проектот за првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче чинеше 95.000 евра. Во април беше потпишан договор со ЕБОР за кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси.

Новата градоначалничка во својата програма вети бесплатен автобуски превоз за граѓаните, но се уште нема ниту најави од кога може да се реализира ветувањето.