Анализа: Каква порака испраќа СПЦ преку владиката Иринеј за обновување на преговорите СПЦ-МПЦ?
Српскиот епископ Иринеј по долго време повторно го отвори прашањето за односите меѓу СПЦ и МПЦ но овојпат со повик за дијалог. Тој смета дека сега откако, како што вели завршил политичко полицискиот прогон на Вранишковски и има пресуда од Стразбур за регистрирање на ПОА неопходно е да продолжат разговорите за решавање на спорот. Верскиот аналитичар Бранко Ѓорѓевски оваа изјава на српскиот епископ ја оцени како замка и обид на СПЦ да го отргне случајот од рацете на вселенската патријаршија која има улога на второстепена судска црковна инстанца.
Ѓорѓески е убеден дека вселенскиот патријарх нема да се откаже од решавање на деценискиот спор, туку напротив ќе изнајде начин да го реши по теркот на Украина. Според аналитичарот, црковна москва и СПЦ прават обиди да го одземат правото на вселенскиот патријарх да доделува Томоси за автокефалност на православни цркви и сите овие чекори се во таа насока вели Ѓорѓевски.
И од МПЦ сметаат дека српскиот епископ нема искрени намери и велат не треба да се придава значење бидејќи со години нема пристигнато официјално писмо од СПЦ за отпочнување на дијалог.
Инаку, овие нови бранувања на релација СПЦ – МПЦ доаѓат по неодамнешниот прием на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир Партениј кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
